Во поплавите во Јапонија загинаа 18 лица, а 27 се водат како исчезнати

Од:

Најмалку 18 лица загинаа, а 27 се водат како исчезнати во поплавите кои го погодија јужниот дел на Јапонија.

Спасувачките екипи продолжуваат да ги бараат исчезнатите лица, соопштија локалните претставници.

Островот Кјушу е опустошен откако реките се излија од коритата, а огромната количина вода однесе делови од патиштата.

Локалната полиција наведе дека, пет лица се во критична состојба.

Илјадници лица се евакуирани и сместени во привремени живеалишта, но голем број лица се уште се заробени во нивните домови.

Повеќе од 500 лица се отцепени од светот, а разрушените мостови и водата ја отежнуваат работата на спасувачите.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови