Во поплавите во Германија загинаа најмалку 156 луѓе

Од:

Бројот на загинати во поплавите во Германија се искачи на 156. Само во една област на Ахрвејлер (Рајнска област-Пфалц), загинаа 110 луѓе.

Најмалку 45 лица загинаа во Северна Рајна-Вестфалија, а една жртва е регистрирана во провинцијата Берхтесгаденер-Ланд (Баварија).

Се стравува дека бројот на жртви е многу поголем, бидејќи голем број луѓе се водат како исчезнати.

Југозападниот дел на Германија од понеделникот е погоден од обилни дождови, што предизвикаа излевање на притоките на Рајна и на Мосел, како и на малите реки Зауер, Прум, Нимс, Кил и Ерфт.

Поради поплавите е прогласена вонредна состојба во југоисточниот дел на Баварија во регионот Берхтесгаденер-Ленд. Ситуацијата е тензична и во источниот дел на германската сојузна држава Саксонија.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски