Во поплавите во Германија загинаа 180 лица, а околу 150 се водат за исчезнати

Од:

Во поплавите што ја зафатија западна Германија на 14 и 15 јули, според новите владини податоци, загинаа 180 лица, а околу 150 се уште се водат за исчезнати или недостапни.

Според првичните податоци, имаше 177 жртви.

Германските метеоролошки служби повикаа на претпазливост поради новите врнежи од дожд викендов на западот на земјата.

Најпогодениот регион Рајнска област-Пфалц има 132 загинати и 766 повредени, соопшти полицијата во Кобленц.

Таму сè уште се бараат 149 лица.

Во соседната Северна Рајна-Вестфалија во поплавите загинаа 47 лица. Полицијата во Келн трага по две лица.

Едно лице загина во Баварија.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени