Во Полска вработени повеќе од сто илјади бегалци од Украина

Од:

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари во Полска работат повеќе од сто илјади украински бегалци, кои по процесот на прифаќање и интеграција имаат право на вработување, бесплатна медицинска нега, образование и социјална помош.

Лех Справка, првиот човек на Лублинското војводство, појаси дека процедурата при прифатот на бегалците е прво да им се даде прва помош во прифатните центри, а потоа се обезбедува превоз до местото каде што сакаат да престојуваат.

Бесплатни автобуси беа организирани за превоз од прифатните центри Краков, Варшава и други градови во Полска, но и до границата со Германија.

„Втората фаза од процесот е овие луѓе да се интегрираат во полското секојдневие, да најдат работа. Најважната област е образованието, да бидат примени во тој систем, втората е социјалната помош, третата е медицинската помош и да се стабилизира сместувањето, да не се селат и да им се овозможи да работат во нивниот сектор“, изјави војводата Справка.

Во Полска е донесена нова легислатива со цел на бегалците да им го олесни и забрза интегрирањето.

„Основата на овој закон е дека на бегалците не им се даваат поголеми или помали права од полските граѓани“, рече Справка додавајќи дека од почетокот на војната во Полска се вработени околу сто илјади Украинци.

Војводата рече дека покрај полските власти, вклучени се и граѓани и невладини организации, а многу полски семејства примиле бегалци од Украина.

„Во случај сопственикот на сместувањето да не земе пари од бегалецот, добива грант од државата од 40 злоти (околу девет евра) по лице дневно“, рече војводата.

Војводството Лублин има шест гранични премини кон Украина, четири за патнички и товарни возила и два за железнички сообраќај.

Процедурата за трансфер на украинските бегалци е поедноставена, тие можат да влезат во Полска со кој било документ за идентификација, додека некои се примени без документи, изјавија претставници на полската погранична полиција.

Полските власти проценуваат дека моментално во земјата има меѓу еден и два милиони бегалци.

Бројот бегалци кои влегуваат во Полска последните денови се намалува, според граничната полиција на 10 мај границата ја преминале 900 лица.

Покрај камиони, има и голем број патнички возила, а освен Украинци, според полските цариници, во Украина влегуваат и странски државјани. Тие честопати купуваат производи во Полска и ги носат за Украина.

Според податоците на УНХЦР, од почетокот на руската инвазија врз Украина земјата ја напуштиле повеќе од пет милиони луѓе ја напуштиле земјата, најмногу во Полска, повеќе од три милиони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот