Во Питсбург се урна мост, повредени три лица

Од:

Во американскиот град Питсбург околу 6 часот по локално време се урна мост, а спасувачките служби веднаш пристигнале на местото на настанот.

Полицијата подоцна соопшти дека се повредени три лица и дека повредите не се опасни по живот, како и дека проверуваат дали некој останал под урнатините. Засега нема информации дека некој загинал при уривањето на мостот.

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека автобус останал да виси на делот од мостот кој се урна.

Во воздухот се чувствувал силен мирис на гас, поради што гасоводот е затворен.

Во меѓувреме, возилата беа извадени од урнатините на мостот. Надлежните апелираат граѓаните да го избегнуваат тој дел бидејќи во делот на урнатиот мост работат итните служби.

Пенсилванија има 3.353 мостови во лоша состојба. Според нацрт-законот поддржан и од демократите и од републиканците, Пенсилванија треба да добие 1,63 милијарди американски долари помош од федералната влада во следните две години за обнова на мостовите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски