Во Пекинг расте бројот на заразени со коронавирус, се воведуваат нови мерки

Од:

Поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот во Пекинг се затворени продавниците, освен оние во кои се продаваат најосновните артикли, како и рестораните, а дозволата за изведување настапи во еден од најстарите и најпознатите театри во главниот град на Кина, Јичијанг, е одложена.

Кинеските власти денеска соопштија дека се регистрирани 24.263 нови случаи на заразени со коронавирусот, од кои 515 се во Пекинг.

Големо мнозинство од новозаразените лица немале никакви симптоми, соопштија здравствените служби.

Низ цела Кина се воведени карантини и други строги контролни мерки, а на жителите на Пекинг им се советува да не ги напуштаат своите домови освен ако е апсолутно неопходно.

Од средата е забранет и пристапот до елитниот универзитет во Пекинг. Луѓето кои беа на пазарот во југоисточен Пекинг каде беше откриен случај на коронавирусот се ставени во карантин во хотел на сопствен трошок.

Театарските претстави требаше да продолжат на 27 ноември, но датумите за повторно отворање се повторно одложени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала