Во Париз е забрането собирање на повеќе од 10 луѓе и задолжително е носењето маска

Од:

Во Париз е забрането е да се собираат повеќе од 10 лица ако не можат да се почитуваат епидемиолошките мерки, соопшти париската полиција.

Задолжителното носење заштитна маска, кое веќе е на сила на повеќе места во главниот град на Франција, е продолжено утрово во 08,00 часот на дел од Елисејските полиња и на централниот дел на градот каде се наоѓа музејот Лувр.

„Ако епидемиолошката состојба се влоши повторно, носењето маска би можело да биде задолжително низ целиот главен град“, додаде полицијата.

Маските се задолжителни од понеделник во некои делови на Париз, вклучително и на шеталиштата по должината на реката Сена.

Француската Влада вчера ги прогласи Париз и Марсеј и околината на тие градови за зони со висок ризик за инфекција со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден