Во Париз 100.000 полицајци ќе го спроведуваат полицискиот час за Нова Година

Од:

Париз ќе мобилизира 100.000 полицајци и жандарми за да ги растураат забавите и да го спроведат полицискиот час против коронавирусот за време на новогодишната ноќ.

Планот е да се спречат немирите, како изминатите години, кога во највеселата ноќ беа запалени голем број автомобили.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, нареди видливо присуство на полицијата во центарот и предградијата од 20 часот кога ќе почне полицискиот час.

Во текот на вечерта, половина од линиите на метрото ќе бидат затворени.

Дарманин, исто така, повика да се разгледа и мерката за прекин на јавниот транспорт низ целата земја.

Во Франција, коронавирусот досега е потврден кај 2,6 милиони луѓе, што ја прави петта земја во светот според бројот на заразени, а има и над 64.000 умрени.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати