Во Пакистан исламистичката партија бара оставка од премиерот

Од:

Десетици илјади приврзаници на исламистичката политичка партија организираат протестен камп во главниот град на Пакистан, Исламабад, каде властите поставија бариери за да го блокираат пристапот до клучните владини згради.

Демонстрантите бараат премиерот Имран Кан да поднесе оставка поради, како што наведуваат, економските проблеми во земјата.

Властите во Исламабад поставија дополнителни бариери на патиштата што водат кон „црвената зона“ каде се сместени Парламентот, Врховниот суд и резиденцијата на премиерот.

Демонстрантите истакнуваат дека Кан мора да се повлече од власта до недела вечер, додека пакистанскиот премиер рече дека нема да подлегне на притисокот.

Поддржувачите на исламистичката политичка партија се мажи, а на новинарките им е забрането да известуваат од протестите.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран