Во округ на Флорида 2.000 деца инфицирани од Ковид-19 во првите школски денови

Од:

Флорида е најпогодена сојузна држава во САД по појавата на новиот Делта сој на коронавирусот, каде смртноста од вирусот моментално е поголема од кога било од почетокот на пандемијата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Во изминатото деноноќие на Флорида од коронавирус починале 901 лице, додека инфицирани биле речиси 22.000 луѓе. Хоспитализациите се на максимално ниво. Овој негативен тренд се должи на указот на гувернерот Рон Десантис за забрана на спроведување на мерките на сојузната влада за задолжително носење маски.

Во Оринџ, еден од најнаселените окрузи на полуостровот, околу 2.000 ученици се заразиле од коронавирус во првите две недели од почетокот на наставата оваа школска година.

Округот беше еден од првите што ја спроведоа наредбата на републиканскиот гувернер, гласен критичар на мерките за носење маски и вакцинација, кој во врска со ова во повеќе наврати размени критики и навреди со претседателот Џо Бајден.

Администрацијата на Оринџ, сепак, ја укина одлуката родителите сами да решаваат дали нивните деца да носат маски откако околу 2.000 ученици се заразиле од Ковид-19 во првите две недели од наставата што започна на 10 август.

Десантис се закани дека ќе им ги запре платите на директорите на школите и на членовите на школските одбори ако одберат спроведување на федералната мерка за носење маски за време на настава.

Повеќе окрузи како Алачуе Брауард, Дувал, Хилсбург, Индијан Ривер, Леон, Мајами-Дејд, Палм Бич и Сарасота се соочуваат со овие закани бидејќи училиштата одлучија да ја спроведуваат наредбата за носење маски.

Повеќе родители од разни окрузи го тужат гувернерот поради забраната за воведување режим на маски во школите и наведуваат дека со тоа „се нарушува Уставот на Флорида, бидејќи се меша во власта на окрузите и спречува школите да обезбедат безбедни услови за образование“.

Федерален судија денеска се очекува да пресуди по оваа тужба.

Би можело да ве интересира

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

(ВИДЕО) Авион се урна на камперска населба на Флорида, има мртви

(ВИДЕО) Крвава Ноќ на вештерките на Флорида: двајца мртви, 18 повредени

Катерина Ѓуровски

Близначки пронајдени мртви во кутија за играчки на Флорида: Се задушиле објаснува мајката

(ВИДЕО) Драматични снимки од Флорида, се е под вода: „Ситуацијата е крајно опасна“