Во Нов Зеланд јуни годинава беше најтоплиот во последните 110 години

Од:

Во Нов Зеланд јуни годинава беше најтоплиот од почетокот на мерењето на температурата во земјата пред 110 години, покажуваат официјалните податоци за климата.

Според Националниот институт за истражување на водата и атмосферата, просечната температура во јуни беше за два степени Целзиусови повисока од вообичаената, а 24 локации низ целата земја забележаа рекордно максимални температури.

Просечната температура во јуни беше 10,6 степени Целзиусови, што е за два степени потопло од 30-годишниот просек за јуни и за 0,3 степени повисока од претходниот рекорд од 2003 и 2014 година. Поради тоа овој јуни во Нов Зеланд беше најтопол откако Институтот започна со мерење на температурите во 1909 година.

– Голем број фактори доведоа до новиот рекорд, вклучително и честите ветрови кои доаѓаат од потоплиот север, како и невообичаено високите температури на водата во океаните, изјави климатскиот експерт Грегор Макара.

Според него, просечната температура на Нов Зеланд е зголемена за околу еден степен во изминатите 100 години. Тој смета дека може да се очекуваат подоцнежни и поблаги зими доколку тој тренд продолжи.

Би можело да ве интересира

Маорите бараат промена на името на државата Нов Зеланд

Ана Ололовска

Се укинува карантинот во повеќето градови во Нов Зеланд

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Терористички напад во Нов Зеланд, ранети шест лица, напаѓачот бил инспириран од ИСИС

Катерина Павлова-Николовска

Нов Зеланд со Фајзер ќе ги вакцинира деца на возраст од 12 до 15 години

Ана Ололовска

Велингтон затворен уште два дена

Ана Ололовска

Нов Зеланд потписник на вселенскиот договор со НАСА

Ана Ололовска