Во Њујорк се одржува Конференција посветена на климатските промени

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска ја отвори Конференцијата посветена на климата, на која светските лидери и бизнисмените ќе се заложат за намалување на ефектите од климатските промени.

– Никогаш досега светот не бил исправен пред промена како што се климатските промени. Климатските промени се закануваат на тешко стекнатиот мир, благосостојбата и можноста за успех на милијарди луѓе. Денес треба да го ориентираме светот во нова насока, посочи Бан.

Тој ги повика владите и приватните организации да инвестираат во решенија за намалување на штетните гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, како и за воведување на данок на јаглеродните емисии.

Конференцијата во Њујорк се одржува на иницијатива на Бан, со цел да се зајакне политичката поддршка во корист на идниот глобален договор, кој треба да биде постигнат на конференција во Париз во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов