Во Нигерија околу 70 војници убиени во заседа на екстремисти

Од:

Околу 70 нигериски војници беа убиени во заседа на исламистички екстремисти во североисточната држава Борно, соопштија денеска тројца неименувани воени извори.

Тие рекоа дека напаѓачите синоќа користеле ракетни гранати и друго тешко оружје во нападот врз селото Горги.

Повредените војници биле пренесени во главниот град Маидугури, додека телата на загинатите биле пренесени во воена болница во Маималари.

Портпаролот на армијата, Сагир Муса потврди дека нападот се случил, но го оспори бројот на убиени војници.

Тој одби да даде детали за нападот.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи