Во несреќа на автопат во Индија прегазени 18 работници

Од:

Најмалку 18 работници, кои спиеле покрај патот, се прегазени кога камион со голема брзина удрил во автобус на автопат во Индија, соопшти денеска полицијата.

Повредени се уште 19 работници во несреќата која се случи доцна синоќа во областа Барабанки во индиската држава Утар Прадеш.

Локалниот полицаец Панкај Кумар Синг изјави дека автобусот со кој патувале работниците имал дефект, по што возачот го паркирал покрај автопатот. Работниците потоа заспале покрај патот во близина на автобусот.

– Неколку часа подоцна, камион кој се движел со голема брзина удрил во автобусот одзади, кој од ударот се поместил и ги прегазил работниците. Повеќето од жртвите загинаа на самото место, а неколку други им подлегнаа на повредите в болницата, објасни полицискиот службеник.

Синг истакна дека работниците се враќале од државите Харијана и Пенџаб во своите домови во соседната држава Бихар.

Премиерот Нарендра Моди изрази сочувство поради смртта на работниците и додаде дека разговарал со државните власти да им се обезбеди соодветно лекување на повредените.

Би можело да ве интересира

Истражување: Околу 40 отсто Индијци живеат девет години помалку поради загадување на воздухот

Ана Ололовска

Индија го затвори и последниот конзулат во Авганистан и ги евакуираше своите граѓани

А1он

Пандемијата ги стави Индијците во огромни долгови за лекување

Ана Ололовска

Во текот на монсунските дождови во Индија починаа повеќе од 160 лица, неколку десетици заробени под свлечишта

Монсунски дождови во Индија, најмалку 125 загинати

Ана Ололовска

Антитела на Ковид-19 има 67 отсто од населението во Индија

Ана Ололовска