Во нападите против Талибанци во Авганистан убиени најмалку 40 цивили, тврдат локални власти

Од:

Најмалку 40 цивилисе убиени во синоќешните рации и воздушни напади на авганистанските специјални сили насочени против талибанските засолништа во јужната провинција Хелманд, изјави денеска претставникот на локалните власти Абдул Маџед Акханд.

Тој рече дека повеќето од загинатите во синоќешните напади биле жени и деца кои биле на свадба во округот Муса Кала, контролиран од Талибанците и додаде дека уште 12 цивили се повредени и се наоѓаат во болница во Лашкаргах, главниот град на провинцијата Хелманд.

Американската војска соопшти дека во нападите биле убиени 22 Талибанци.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан