Во Москва протест за казнување полицајци во случајот Голунов

Од:

Руската полиција денеска уапсила најмалку 94 лица, меѓу кои и опозицискиот политичар Алексеј Навални, на протест во Москва на кој повикаа на казнување полицајци кои учествувале во наводното подметнување докази против новинарот Иван Голунов.

Полиција вчера ги отфрли обвиненијата против Голунов за наводна трговија со дрога, после протестите на приврзаниците на новинарот кои тврдеа дека му е наместено поради известување.

Голунов (36), новинар познат по тоа што разоткриваше корупција меѓу московски функционери, беше уапсен минатиот четврток и обвинет за трговија со дрога, што тој го негираше.

Рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев вчера изјави дека во тек е интерна истрага за притворањето на истражувачкиот новинар Иван Голунов и оти ги суспендирал полициските службеници кои учествувале во тоа.

Колоколцев рече дека ќе бара од претседателот Владимир Путин да отпушти двајца високорангирани генерали на московската полиција поради тој случај.

Според рускиот закон, времето и местото на протест во кој се вклучени повеќе од едно лице, мора однапред да биде договорено со властите.

Организаторите на денешните настани барале да преговараат со московските градски функционери во живо, но тие одбија.

Би можело да ве интересира

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани