Во Молдавија заразени 187 ученици за две недели, 10 училишта во карантин поради Ковид-19

Од:

Во Молдавија, од 1 до 14 септември, коронавирусот бил дијагностициран кај 187 ученици и две деца од предучилишна возраст. Ова го соопшти министерот за образование Игор Шаров на брифинг.

Според него, во моментов 10 училишта во Молдавија се затворени поради карантин.

Покрај тоа, 171 клас се префрлиле на учење на далечина, поради инфекција со коронавирус на ученици и наставници.

Шаров рече дека од 1 до 14 септември Ковид-19 е дијагностициран кај 187 ученици, 173 наставници и 40 вработени како персонал во училиштата.

– Од секој од нас зависи како ситуацијата ќе се развива понатаму. Според прелиминарните податоци, почетокот на образовниот процес во училиштата не доведе до нагло зголемување на бројот на случаи, рече Шаров.

Што се однесува до предучилишните установи, од 1.398 градинки во Молдавија работат 738. Две се затворени поради карантин.

Според Шаров, кај две деца е дијагностициран коронавирус, а други 113 се во самоизолација. Покрај тоа, 47 наставници и 26 помошен персонал билер заразени со вирусот. Во Молдавија, учебната година почна на 1 септември.

Би можело да ве интересира

Британија го зголемува финансиското учество во СЗО, но бара реформа

А1он

Германски експерт: Карантинот не е решение, владите да не подлегнуваат на масовната хистерија

А1он

Лондонскиот градоначалник бара да се забрани одење по гости во време на пандемија

А1он

Прогласен карантин во најголемите градови во Велс

А1он

Шпанија се подготвува за целосна блокада на Мадрид поради Ковид-19

А1он

Астра Зенека нуди поевтина вакцина, европските влади ќе плаќаат отштета за можни несакани дејства

А1он