Во Лондон за еден ден со нож убиени четири лица, меѓу кои и една бремена жена

Од:

Во Лондон владее паника поради четири убиства со нож за само 28 часа, јавија локалните медиуми, додека градоначалникот Садик Кан изјави дека полицијата интензивно работи на расветлување на бранот насилство што го зафати градот.

Една од жртвите била млада бремена жена. Кели Мери Фуврел (26) била убиена во саботата наутро во јужниот дел на Лондон, и била во осмиот месец од бременоста. Бебето преживеало, но е во критична состојба. Во врска со овој напад уапсен е еден 29-годишен маж.

Во три одделни напади, двајца мажи починале од убодните рани, додека третиот починал по тепачка. Досега се уапсени пет лица.

Според официјални статистички податоци, во 2018 година во Англија и Велс имало 285 смртоносни напади со нож, што е најголем број откако се води статистика од пред 70 години.

Борис Џонсон, поранешен градоначалник на Лондон и кандидатот кој најверојатно ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција, вети дека ако биде избран ќе ги зголеми полициските сили.

И лондонската полиција соопшти дека деноноќно работи за да ги пронајде напаѓачите, и да го отстрани оружјето од улиците.

Би можело да ве интересира

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците