Во Лондон прогласена вонредна состојба поради преполните болници

Од:

Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска објави вонредна состојба за да им помогне на болниците во градот да се справат со зголемениот број пациенти со Ковид-19 поради варијантата Омикрон, која брзо се шири.

Преземањето на овој чекор ќе овозможи поблиска координација меѓу различните владини служби, бидејќи Велика Британија вчера го забележа најголемото дневно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Кан рече дека хоспитализациите и недостигот на медицински персонал се зголемуваат и додаде дека по консултациите одлучил денеска да прогласи „вонредна состојба“ поради сериозноста на ситуацијата.

„Зголемувањето на бројот на случаи на варијантата Омикрон во нашиот главен град е многу загрижувачко. Омикрон брзо стана доминантен, бројот на нови случаи нагло скокна, а бројот на хоспитализирани повторно расте“, рече градоначалникот.

Лондон регистрираше 65.525 нови случаи на коронавирус во последните седум дена, од кои 26.418 во последните 24 часа.

Би можело да ве интересира

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Демонстрантите во Лондон кои маршираа за поддршка на Палестина го затворија Тауер бриџ

Горан Наумовски

Полицијата oд Лондон извести: Веруваме дека го пронајдовме телото на напаѓачот од Лондон

Горан Наумовски

Лондон: Девет лица се повредени со киселина, жена и деца се префрлени во болница

Горан Наумовски