Во Љубљана убиен маж, напаѓачот e во бегство

Од:

Во Љубљана е убиен 34-годишен маж, а полицијата уште трага по сторителот, јавуваат словенечките медиуми. Убиецот е висок околу 170 сантиметри, облечен во темна облека и маскиран. Тој побегнал пеш од местото на настанот.

На местото на злосторството полицијата пронашла поголема сума пари. Убиениот 34-годишник од Љубљана не бил случајна мета бидејќи врз него било пукано во април 2020 година.

Како што рече на прес-конференција претставникот за односи со јавност Александра Голец, полицијата била известена за инцидент во месноста Вич вчера околу 15 часот.

Застреланиот лежел на сред улица, a маскираниот сторител наводно подолго време ја чекал жртвата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови детали за убиството во Љубљана: Убиените двајца мажи наводно му должеле пари на убиецот

Горан Наумовски

Уапсен за убиство– одреден му е притвор, но за да не се компромитира истрагата деталите се во тајност

80 години затвор за тинејџер кој си ги уби мајката и сестрата

Во Словенија брутално убиена девојка од Србија: Ја уби нејзиното момче кое два дена спиеше до нејзиното тело

Горан Наумовски

Aктерот Џеферсон Мачадо е пронајден мртов: Тој е задавен, па неговото тело е ставено во дрвена кутија закопана во земја

Горан Наумовски

Полицијата реши обид за убиство после 25 години: Жена нарача убиство на маж

Горан Наумовски