Во Лион започнува судењето на поранешниот свештеник Бернар Прејна за педофилија

Од:

Црквата го расчини 75-годишниот Бернар Прејна и тој како обичен граѓанин ќе треба да се појави пред Кривичниот суд во Лион, обвинет за педофилија, јавува дописникот на МИА.

Се започна во 2015 година благодарение на поплаката на Александар Хезез, истрагата потоа дозволи да се откри педофилскиот стахановизам и перверзната личност на Прејна. Кој како главна жртва ги имал децата кон кои имал слабост од неговата шеснаесетта година. Многумина го знаеле тоа отсекогаш. Започнувајќи со црковните кадри, бидејќи тој бил забележан на семинарот и испратен на терапевт избран од Црквата, а потоа во психијатриска болница. По сопствено признание Бернар Прејната нема „никаква корист“ од овие сесии. Ова не го спречува да стане свештеник и да биде назначен во парохија, каде што веднаш ги обновува своите кривични дела.

Редовно обвинуван во текот на неговата кариера, тој ги избегнува сите санкции сè додека конечно, една од неговите жртви, поддржана од здружението „Ла Пароле либере“ (Осободен збор), се осмелува да ја изваде на виделина задушената вистина.

Прејна оваа недела пред Кривичниот суд во Лион, ќе одговора за извршени сексуални напади, меѓу 1985 и 1991 година, врз десет малолетни лица кои станале возрасни – бројни други дела извршени врз тогаш дваесетина млади деца се пропишани – со отежнувачка околност што тој имал овластувања за нив. Тој се соочува со десет години затвор и парична казна од 150.000 евра.

Прејна ги призна делата за кои ќе биде суден, иако се обидува да тврди дека малолетниците биле согласни. Тој претходно бил обвинет и ги признал делата и пред црковните власти, кои се задоволиле само да го преместат во друга парохија. Тоа предизвикало незадоволство кај верниците од неговата поранешна парохија Сан Лук де Сан Фоа ле Лион, кој го сметале за динамичен и харизматичен оддаден на децата, Сведоците сослушани од полицијата зборуваа за неговата „Харизма“, другите за „неговата авторитарност“, а некои велат дека понекогаш го викале „малиот Хитлер“.

Незначајниот парохиски свештеник од предградијата на Лион стана огромен проблем за црквата на Франција. Поради него, сегашниот кардинал, Барбарин, се појави во истиот суд. Осуден во прв степен на 6 месеци усвоен затвор бидејќи не се обратил до јавното обвинителство со информациите добиени за актите на свештеник од неговата епархија, кардиналот, на 30 јануари, ќе ја дознае содржината на пресудата на апелациониот суд.

Овој случај на педофилија во француската католичка црква беше пренесен и на филмскиот екран од Франсоа Озон со филмот „Благодарејќи на Бога“, што придонесе за движење во француската црква за справување со педофилијата, за што беше создадена посебна комисија.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден