Во Либерија укината вонредната состојба поради ебола

Од:

Претседателката на Либерија, Елен Џонсон Сарлиф изјави дека се укинува вонредната состојба воведена во август заради епидемијата од ебола.

Со вонредната состојба беа затворени училиштата, имаше забрана за собирање на луѓе на јавни места, затворање на дел од пазари. Со вонредната состојба Владата го ограничуваше движењето на луѓето.

Претседателката на Либерија предупреди дека во државата продолжува битката со еболата и додаде дека сепак, има напредок. Само во Либерија над 2.800 луѓе ги загубија животите од епидемијата.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски