Во лавина во Австрија загинаа тројца скијачи

Од:

Тројца скијачи загинаа, а двајца се повредени во лавина во централна Австрија, соопштија денеска локалните власти.

Жртвите биле дел од група од 11 скијачи, од кои осум биле погодени од лавина широка околу 200 метри додека се движеле по патека за време на скијачката тура вчера во областа Твенг, во провинцијата Салцбург.

Тројца скијачи биле затрупани од лавината, додека двајца биле делумно затрупани и успеале да се ослободат, соопшти регионалната полиција.

Спасувачите успеале да лоцираат двајца затрупани скијачи користејќи ги нивните уреди за пребарување, но едниот веќе бил мртов, а другиот подоцна починал во болница во Клагенфурт.

Третиот затрупан скијач не носел уред за пребарување и неговото тело било пронајдено околу четири часа по лавината.

Жртвите се Австријци, двајца на 19-годишна возраст, и еден на 24-годишна возраст. Двајцата повредени скијачи се пренесени во локалната болница.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче