Во Конго убиени тројца членови на тимот за борба против ебола

Од:

Тројца членови на медицинскиот тим за борба против ебола во Конго загинаа, а неколкумина се повредени во вчерашните напади врз два центри во источниот дел на Конго, соопштија локалните власти и здравствените служби.

– Нашите извори велат дека нападите ги извршиле бунтовниците Маи Маи, изјави Жан Жак Мујембе, водач на тимот во Демократска Република Конго.

– Тоа е тежок удар врз нашите напори во борбата против еболата, додаде тој.

Главниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреизус на Твитер напиша дека главниот фокус на СЗО во моментов е „да се згрижат повредените и да се осигура дека персоналот на други локации е безбеден“.

Тој објасни дека нападот се случил во Мангини, село каде почна епидемијата на ебола пред повеќе од една година, и во Бијакат.

Би можело да ве интересира

Гугл, Епл и Тесла меѓу обвинетите за смртта на деца во Конго

Најмалку 30 рудари загинаа во рудник во ДР Конго

Ана Ололовска

Повеќе од 2.200 луѓе починале од ебола во Конго

Ана Ололовска

Незадоволни граѓани на Конго ја запалија зградата на градскиот совет

Ана Ололовска

Најмалку 23 луѓе загинаа при уривање на авион воКонго

Татјана Ташкова

Поплави во Конго, раселени 50.000 луѓе