Во Кина регистриран најголем број на новозаразени со Ковид-19 од 1 март минатата година

Од:

Во Кина изминатите 24 часа регистриран е најголем број на новозаразени со Ковид-19 од март минатата година, додека во североисточниот дел на земјата над 28 милиони луѓе се во карантин.

Пријавени се вкупно 144 заразени лица со Ковид-19, што е најголем дневен број од 1 март 2020 година, кога беа регистрирани 202 пациенти.

Според кинеските здравствени власти, 135 од новите случаи се локална инфекција, од кои 90 се во провинцијата Хебеи во близина на Пекинг.

Досега во Кина со Ковид-19 се инфицирале 87.988 луѓе, а не е променет бројот на смртни случаи, што изнесува 4.635.

Би можело да ве интересира

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски