Во Кина нови 17.909 случаи со коронавирус

Од:

Кина вчера регистрираше 17.909 случаи со Ковид-19, а од нив 1.661 со и 16.248 без симптоми, јавија дел од британските медиуми, повикувајќи се на кинеската државна здравствена комисија.

Ден претходно беа евидентирани 16.203 нови заразени лица, од кои 1.794 со и 14.409 без симптоми. Со исклучок на заразата внесена однадвор, Кина забележа 17.772 локални случаи, а од нив 1.621 со и 16.151 без симптоми.

Нема регистрирано нови смртни случаи, па така бројот на починати лица со Ковид-19 останува 5.226, како и претходниот ден. Кина до вчера потврди 275.420 случаи на инфекции со симптоми.

Кинескиот главен град Пекинг соопшти за 303 со и 159 случаи без симптоми за изминатото деноноќие.

Јужниот град Гуангжу, каде живеат околу 19 милиони луѓе, потврди 147 заразени локални лица кои имале сиптоми и 4.977 случаи без никаков симптом.

Чонгкинг соопшти за 157 локални случаи на коронавирус со и 2.794 без симптоми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски