Во Камерун киднапирани речиси 80 деца

Од:

Седумдесет и девет ученици се киднапирани денеска во северозападниот дел Камерун, област каде најмногу се зборува англиски јазик и каде сепаратистите водат вооружена кампања за независност, соопшти владин извор.

Учениците се киднапирани од страна на вооружени лица во градот Баменда, заедно со нивниот директор, учител и возач.

– Пoтрагата по заложниците е почната – секој човек е повикан, изјави владин извор по средбата на кризниот штаб. Истиот извор соопшти дека киднапираните се одведени во дивина, пренесува Хина.

Портпаролот на Владата изјави дека го следат настанот, но дека повеќе од тоа не можат да коментираат.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но локалните медиуми пишуваат дека најверојатно е дело на сепаратистите кои се обидуваат да предизвикаат дестабилизација. Весниците уште пишуваат дека сепаратистите не достѕавиле некакви барања, но инсистирале училиштата да бидат затворени.

Киднапирањето се случува по изборите на 7 октомври, на кои 85-годишниот претседател Пол Бија, кој владее со земјата 35 години, го обезбеди седмиот мандат на функцијата.

Околу една петтина од 22 милиони жители на Камерун зборуваат англиски јазик – малцинство чие присуство датира од колонијалниот период. Двете области во Камерун каде се зборува претежно англиски јазик се погодени од насилство по судирите меѓу англофонските сепаратисти и безбедносните сили на државата. Сепаратистите почнаа вооружен бунт со цел дестабилизација на тие два региони и создавање независна држава Амбазонија. Во изминатата година убиени се стотици луѓе во тие два региони, каде, според сепаратистите, насилството е зголемено од почетокот на репресијата на властите над демонстрантите, кои тврдат дека како малцинство кое зборува англиски јазик е маргинализирано од Владата која зборува француски.

Би можело да ве интересира

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ

Шест лица загинаа во напад во Камерун

А1он

Во Камерун за една недела од колера починале 29 лица

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

А1он

За два месеца во Камерун од колера починале 32 лица

А1он

(ВИДЕО) Трагедија на Африканскиот куп на нации: Седум загинати во стампедо пред натпреварот, меѓу повредените деца

Ана Ололовска