Во Јужна Кореја затворени 209 училишта поради епидемија на МЕРС

Од:

По наредба на јужнокорејската претседатека Парк Гуен-хје, во Јужна Кореја денеска беа затворени 209 основни училишта и се преземаат обемни карантински мерки за спречување на ширењето на опасната болест позната кај нас како Нилска треска.

До денеска во Јужна Кореја се откриени 30 инфиирани лица, од кои двајца повозрасни починале.

Нилската треска, позната и како Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС), во Јужна Кореја најверојатно е пренесена од Саудиска Арабија. Во оваа држава од 2012 година, па досега, од МЕРС починаа над 400 лица, а медицината се уште нема откриено доволно ефикасен лек.

Затворањето на училиштата и карантинските мерки во Јужна Кореја уследи од како минатата ноќ биле дијагностицирани пет нови случаи на заразени, од кои четворица се малолетници.

Медиумите во Сеул денеска пренесуваат дека јавноста во Јужна Кореја е огорчена поради недоволно сериозниот пристап на здравствените власти по откривањето на Нилската треска пред десеетина дена. Во Сеул и другите населби од денеска е вообичаена слика на улиците да се видат луѓе со маски за дишење и средства за дезинфекција на рацете.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски