Во Јордан преговори за размена на затвореници меѓу Хутите и јеменската Влада

Од:

Јеменската бунтовничка група Хути и Владата поддржана од Саудиска Арабија, кои војуваат скоро шест години, денеска во Аман почнаа нови преговори за размена на затвореници, со посредство на официјални претставници на Обединетите нации, соопштија претставници на ОН и Јемен.

Состанокот во Јордан се случува неколку дена откако САД ги прогласија Хутите за терористичка организација, потег за кој Обединетите нации предупредија дека може да ги поткопа мировните напори и да ја влоши хуманитарната криза во Јемен.

Разговорите имаат за цел да ослободат 300 затвореници, вклучително и високи функционери како што е братот на претседателот Абд-Рабу, Мансур Хади, чијашто меѓународно признаена влада беше соборена од страна на Хутите, велат добро упатени извори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили