Во Јапонија од Ковид починаа 415 луѓе, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата

Од:

Како последица на коронавирусот, Јапонија денеска евидентираше 415 смртни случаи, што е најмногу во таа земја за еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на јапонското Министерство за здравство.

Во Јапонија, денеска се потврдени 216.219 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е за четири отсто повеќе од една недела порано, соопшти Министерството.

Така, бројот на новозаразени се приближува до рекордното ниво од околу 260.000 случаи на дневна основа, колку што имаше во август.

Во изминатите седум дена, Јапонија имаше најголем број потврдени случаи на инфекции со Ковид-19, а земјата имаше втор најголем број смртни случаи по САД, покажуваат податоците на СЗО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Марковски: Ми пречи што покажуваме непријателство кон Русија

Маските се враќаат – комисијата за заразни болести бара да сe задолжителни во здравствени установи

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Бесими: Средствата од данокот за солидарност ќе се користат за справување со ковид-кризата

Орце Костов

СЗО: Подгответе се за болест посмртоносна од Ковид-19