Во Јапонија ќе се евакуираат 400.000 луѓе поради невреме

Од:

Јапонските власти наредија евакуација на околу 400.000 луѓе во јужниот дел на земјата поради бурата и невремето кои трае веќе три денови, при што загинаа 29 лица.

Луѓето мора да ги напуштат своите домови од северниот дел на островот Кјушу, каде се излија реките, а метеоролозите предупредуваат на опасност од нови лизгања на земјиштето и поплави поради обилните дождови.

Жителите од загрозените области треба да се преселат во засолништата направени во училиштата и другите јавни објекти.

Најголем број на луѓе настрадаа во градот Асо на островот Кјушу. Засега девет луѓе се водат како исчезнати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија