Во Израел за еден ден регистрирани речиси 12.000 новозаболени од Ковид-19

Од:

Во Израел денеска е регистриран најголем број новозаразени со Ковид-19, пред сè поради сојот Омикрон, и покрај рестрикциите за патувања и мерките за изолација, соопшти Владата.

Во изминатите 24 часа потврдени се 11.978 случаи, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

Претходниот „црн рекорд“ беше забележан на 2 септември 2021 со 11.345 новозаболени од сојот Делта.

Во Израел 63 проценти од 9,4 милионското население примило две дози, а 43 проценти примиле три дози вакцина против Ковид-19. Во Израел од неодамна е предвидена четврта доза за лицата постари од 60 години и со слаб имунитет.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск