Во Израел вакцинацијата ќе ги испразни болниците

Од:

Од 1,82 милиони жители на Израел кои први се вакцинираа, само 0,07 проценти се заразиле со коронавирусот, покажуваат резултатите од најновата израелска студија за ефикасност на вакцините.

Едно од 1.500 целосно вакцинирани лица имало позитивен тест за Ковид-19, што се смета за најсилно навестување досега дека распространетата имунизација ќе ги испразни ковид одделенијата, објавија израелските медиуми.

Станува збор за Израелци вакцинирани на почетокот на минатиот месец. Заклучно со 25 февруари, според податоците на Министерството за здравство, само 1.248 биле позитивни.

Во Израел досега претежно се користеше вакцината на „Фајзер/БиоНТек“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел