Во Израел се отвора економијата по масовната вакцинација

Од:

Израел денеска делумно ја отвори својата економија, што се смета за враќање кон нормалниот живот во таа држава на денот кога пред една година беше првпат откриен случај на заразен со Ковид-19.

Продавниците се отворени за сите граѓани, но влезот во спортски сали, театри, кина е ограничен само на луѓе кои примиле две дози од вакцината и на поранешни ковид-пациенти кои имаат имунитет и таканаречен „зелен пасош“.

Физичкото дистанцирање е се уште препорачано, а во синагогите, џамиите и црквите, половина од капацитетот на објектот може да се пополни.

Токму на овој ден, откако е забележан првиот случај на ковид во Израел, олеснувањето на мерките е дел од планот на владата за отворање на економијата, во време кога премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе се обиде да добие нов мандат.

Досега, Израел вакцинираше речиси половина од населението со најмалку една доза вакцина.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ