Во Израел има помалку од 1000 активни случаи на Ковид-19

Од:

Во Израел има помалку од илјада активните случаи на зарзени со Ковид-19. Ваква бројка државата има првпат од март минатата година. Информацијата дека има 985 активни случаи ја објави денеска израелскиот министер за здравство Јули Еделштајн.

Во пикот на епидемијата Израел имаше и по повеќе од 70 илјади заразени неведе тој на Твитер.

Во изминатата недела бројот на тешко болните од Ковид-19 во Израел беше под 100. Според него, тоа се должи на успехот на кампањата за вакцинација во државата.

Во изминатите 24 часа се регистрирани само 17 нови случаи. Тоа е 0,2 отсто позитивни тестови од вкупно над 11.500. Досега над 5,4 милиони луѓе или речиси 60 отсто од населението во државата ја примиле првата доза од вакцината на Фајзер, додека околу 5,1 милиони имаат примено две дози вакцина.

Би можело да ве интересира

Првпат по 10 месеци во Израел нема починати од Ковид-19

Израел почна со вакцинирање на палестински работници

Експертите го отфрлаат тврдењето на Нетанјаху дека Израел речиси го победил коронавирусот

Повеќе од една четвртина Израелци примиле втора доза на вакцина против Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

Израел почна со вакцинација на странските работници и на азилантите

Рекод во Израел, 224 илјади луѓе вакцинирани во еден ден