Во Израел 90 отсто од населението постаро од 50 години вакцинирано со една доза или излекувано

Од:

Во Израел 90 отсто од населението на возраст од 50 години и повеќе е вакцинирано со една доза вакцина против коронавирус или се излекувале од Ковид-19, објави денеска израелскиот министер за здравство Џули Еделштајн на Твитер.

Како што наведе, околу три четвртини од тоа население сега може да добие потврда за вакцинација или закрепнување.

Во Израел, 52 проценти, повеќе од 4.895.000 луѓе ја примиле првата доза на вакцината, а 32 проценти ја примиле и втората доза.

Претходно денеска, Министерството за здравство соопшти дека е забележан најмал број сериозно болни пациенти, 717, во последните десет недели.

Во Израел во полн ек е масовна кампања за вакцинација, која започна на 19 декември и продолжува во време кога таа земја постепено го укинува третото заклучување од почетокот на пандемијата, бидејќи бројот на новозаразени и тешки случаи е намален.

Досега, 5.797 Израелци починаа од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел