Во изминатите 24 часа девет лица го загубија животот во пожари во станови низ Украина

Од:

Украинските власти денеска соопштија дека во изминатите 24 часа девет лица загинале во пожари при обид да ги загреат своите станови, а притоа ги прекршиле безбедносните правила.

Во официјалното соопштение се наведува дека бројот на пожари се зголемува бидејќи, поради редовните прекини во снабдувањето со електрична енергија, Украинците се повеќе прибегнуваат кон употреба на генератори, свеќи и плински боци во своите домови, пренесуваат британските медиуми.

„Само во последните 24 часа во Украина се регистрирани 131 пожар, од кои 106 во станбени згради. Девет лица го загубија животот, а осум се повредени. Пожарите зачестија поради прекршување на правилата за заштита од пожари во станбени згради и употреба на несертифицирани уреди за греење и подготовка на храна“, се наведува во соопштението на украинските власти.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат повнимателни во домовите и да им објаснуваат на децата за опасностите од пожар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ