Во Италија во текот на двата месеца рестриктивни мерки воведени поради епидемијата на Ковид-19 и зајакнати полициски контроли, казнети се околу 424.000 луѓе.
Италијанското МВР соопшти дека полицијата казнила и околу 8.260 сопственици на различни продажни објекти поради кршење на мерките на италијанската Влада.
Во Италија строгите мерки за карантин на целата територији беа во сила од 9 март до 3 мај, а од вчера повеќе од 60 милиони жители на земјата имаат поголема слобода на движење во регионот во кој се наоѓаат.
Од последици од Ковид-19 во Италија досега починале повеќе од 29.000 луѓе.