Во Италија уапсени 49 мафијаши, меѓу нив и шеф на „Ндрангета“

Од:

Италијанската полиција денеска уапси 49 осомничени мафијаши во предградијата на Милано, меѓу кои и пет жени, од кои едната е обвинета дека била водач на локалната единица на озлогласената мафијашка група „Ндрангета“.

Жената беше обвинета дека водела мафијашка група во градот Ро и дека е посурова и од мажите, изјавила обвинителката од Милано, Алесандра Черети, на прес-конференција, пренесуваат локалните медиуми.

„Мафиозите се обвинети за дела изнуда, шверц на дрога, насилство и подметнување пожари“, соопшти полицијата додавајќи дека некои од нив им се заканувале на луѓето испраќајќи им делови од животински тела.

Истрагата покажа колку далеку се раширила „Ндрангета“, најмоќната мафијашка организација во Италија, од нејзиното упориште во Калабрија, на југот на Италија, изјави Франческо Месина, директор на централната единица за борба против криминалот.

Во посебна акција, во рација во близина на Неапол, беа уапсени 37 лица поврзани со мафијашката група „Камора“.

Акцијата е спроведена по тригодишна истрага за изнуда и шверц на дрога.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски