Во Италија уапсен нутриционист поради поседување на „дрогата за силување“

Од:

Италијанските карабинери во Болоња уапсија 40-годишен биолог нутриционист, кај кого е пронајден околу половина литар ГБЛ (гама-бутиролактон), позната како „дрога за силување“, поради силниот седативен ефект врз лицето кое го зема.

Апсењето било извршено во куќата на осомничениот на периферијата на овој град во регионот Емилија-Ромања.

Се наведува дека дрогата била во течна состојба и речиси 100 проценти чиста, што значи дека од таа количина би можеле да се направат околу 700 дози.

Врз основа на податоците на Царинската служба на Италија, била направена реконструкција на настанот и утврдено е дека дрогата стигнала од Србија.

Би можело да ве интересира

Уапсен е заменикот на Шојгу, осомничен е дека примил поткуп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески