Во Италија просечната возраст на заразените со коронавирус е околу 40 години

Од:

Во Италија, каде жаришта на Ковид-19 се забележани во речиси сите региони, просечната возраст на заразените лица сега е околу 40 години, додека во најтешкиот период на епидемијата во таа земја беше над 60 години, соопшти италијанското Министерство за здравство и Високиот институт за здравје.

Просечната возраст на заразените сега е околу 40 години, додека во март и април беше над 60 години, што може да биде показател за навиките кои луѓето ги смениле по неколкумесечни рестриктивни мерки, при што постарите лица се повнимателни, додека младите се среќаваат, се ракуваат и прегрнуваат, пишува „Кориера дела сера“.

Италија вчера воведе двонеделен карантин за оние кои пристигнуваат од Романија и Бугарија, како резултат на епидемиолошки податоци во тие земји, што е прв ваков случај во рамките на ЕУ по отворањето на границите на Унијата на 1 јули.

Претходно, Италија ги додаде Србија и Црна Гора на листата на 16 земји од кои е забранет влез, вклучително и БиХ и Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим