Во Италија опаѓа бројот на починати и заразени од коронавирус

Од:

Во Италија денеска починаа 431 лице како последица на вирусот Ковид-19, што е најмал број во еден ден од 19 март.

Како што пренесуваат светските агенции, тоа е значителен пад во однос на претходниот ден кога починаа 619 лица.

Регистрирани се 4.092 новозаразени случаи, што исто така е пад за околу 600 во однос на вчера.

Во Италија од почетокот на епидемијата од 21 февруари починаа вкупно 19.899 лица, а бројот на заразени достигна 156.363 лица.

Бројот на пациенти на интензивна нега исто така опаѓа веќе деветти ден по ред и изнесува 3.343.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски