Во Италија од 4 мај ќе се намалат рестриктивните мерки

Од:

Италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа изјави дека од 4 мај повторно ќе бидат отворени парковите во Италија и оти луѓето ќе можат да ги посетуваат своите роднини кои живеат во ист регион.

Конте во телевизиското обраќање до нацијата истакна дека граѓаните ќе мора да се придржуваат до мерката за физичка дистанца.

Тој наведе дека градоначалниците ќе можат да воведат ограничувања, колку луѓе ќе можат да влезат во паркот, со цел да се избегнат гужви. А, при посета на роднините ќе мора да се носат заштитини маски , а прославите и понатаму ќе бидат забранети.

– Доколку луѓето не се придржуваат до мерките, кривата на заразата може повторно да порасне, да излезе од контрола, бројот на починати ќе порасне, а штетата по економијата ќе биде непоправлива, наведе Конте.

Тој истакна и дека индивидуалните спортисти ќе можат да се вратат на тренинзните на 4 мај, а професионалните спортисти на 18 мај.

На 18 мај исто така ќе бидат отворени библиотеките, музеите и уметничките изложби.

Фабриките и градилиштата ќе можат да работат што ги воведат мерките за безбедност за сузбивање на новиот коронавирус. Додека продавниците ќе бидат отворени на 18 мај, а рестораните, кафулињата и фризерските салони на 1 јуни

Во Италија со Ковид-19 се инфицирани 197.675 луѓе, од кои 26.644 починале, а оздравеле 64.928 луѓе.

Би можело да ве интересира

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија