Во Италија намалена брзината на ширење на коронавирусот

Од:

По пет недели раст, во Италија за првпат индикаторот за стапката на ширење на коронавирусот Рт е под 1, јавија локалните медиуми.

Факторот Рт покажува колку едно заразено лице може да зарази други луѓе, а се добива врз основа на анализата на 21 елемент клучен за откривање на состојбата на инфекцијата.

Епидемиолошката состојба се смета дека е под контрола сè додека овој фактор е помал од 1.

Министерот за здравство Роберто Сперанца предупреди дека, и покрај фактот што коронавирусот се шири со побавно темпо, не е време за опуштање и оти граѓаните мора да продолжат строго да се придржуваат кон анти-ковид мерките.

Во последните 24 часа во Италија од Ковид-19 починале 472 лица, а регистрирани се 13.500 новоинфицирани.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски