Во Италија маски задолжителни и на плажа, за прекршителите казна од 2.500 евра

Од:

Во италијанскиот град Мета кај Соренто на сила е нова мерка, со која се предвидува задолжителна употреба на заштитна маска дури и на плажа, освен во вода или кога посетителите на плажата се под чадор, а таа мерка ќе биде во сила до крајот на август.

Доколку закупците на плажата не ги применат новите правила, ќе бидат казнети со парична казна од 2.500 евра, а нивниот објект ќе биде привремено затворен.

Пристап до плажите нема да биде дозволен од 20 часот до 6 часот наутро, јавуваат локалните медиуми.

Говорејќи за новите правила, градоначалникот на Мета на југот на Италија, Џузепе Тито, истакна дека подобро е тоа да се направи сега и да се избегне блокада на економијата во септември.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски