Во Италија дебата – дали да има скијање или не

Од:

Главната тема на преговорите меѓу Владата и италијанските региони на денешниот состанок е дали ќе се отворат скијачките центри за време на претстојните празници, Божиќ и Нова година, јавија италијанските медиуми.

Северните алпски провинции каде се наоѓаат популарните и познати скијачки центри, како што е Кортина Д’Ампецо, инсистираат да се дозволи некакво или делумно отворање на скијачки центри, но Владата планира, според медиумите, да ги затвори сите зимски одморалишта од пред Божиќ до седум дена по Нова година, како и да се забрани движење меѓу регионите.

Во Италија има 1.500 скијачки жичарници и лифтови, секторот кој вработува 14.000 лица и уште најмалку 2.000 работници вработени во помошни објекти.

Загубите уште сега се проценуваат на 70 проценти од годишниот приход, кој се движи до седум милијарди евра, а доколку скијачките центри останат затворени за време на следните празници, загубите ќе бидат уште поголеми.

Владата планира и привремена забрана за прекуграничен сообраќај со северните соседи за да ги спречи Италијанците да одат на скијање во Австрија или Швајцарија.

Минатата сезона, на почетокот на пандемијата на Ковид-19, се случи токму тоа – Италијанците скијаа кај соседите, затоа што домашните скијачки центри беа затворени, а кога се вратија, со себе го донесоа коронавирусот.

Владата очекуваше дека, како што е најавено, Европската унија ќе донесе некои упатства или заедничка одлука за сите земји-членки за тоа како да се постапи во сезоната на скијање, но Брисел одлучи секоја земја да го организира тоа според нејзините проценки и потреби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим