Во Италија 483 смртни случаи од Ковид-19: Бројот на новоинфицирани повторно расте

Од:

Италија извести за 483 смртни случаи поврзани со коронавирус во последните 24 часа, за разлика од 620 ден порано, соопшти Министерството за здравство, додека дневниот број на нови инфекции се искачи на 19.978, од 17.533.

Извршени се 172.119 тестови, соопшти Министерството, во споредба со 140.267 претходниот ден, пренесува Ројтерс.

Италија регистрирала вкупно 78.394 смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата и 2.257.866 случаи на заболување, објави Министерството за здравство.

Хоспитализирани се 23.260 пациенти со Ковид-19, несметајќи ја интензивната нега, што е за 53 помалку од претходниот ден.

Бројот на пациенти на интензивна нега е 2.593, наспроти 2.587 во петокот.

Би можело да ве интересира

Научници веќе подготвуваат понапредна вакцина, вели Фаучи

Жарко Настоски

Осумгодишниот син на Ципрас позитивен на Ковид-19

Ана Ололовска

Симптоми на зараза со новата мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Хамбург: Карантин за околу 500 вработени во Ербас

Ана Ололовска

Фаучи: Планот за вакцинација на Бајден е тешко остварлив

Ана Ололовска

Египет почна со вакцинација против коронавирусот

Ана Ололовска