Во Ирска во следните шест недели забрането е наводнување на градините

Од:

Ирските власти воведоа шестнеделна забрана за користење на градинарски црева, откако земјата што е позната по дождовите, имаше најсушна пролет.

Одлуката ќе биде во сила до 21 јули и се однесува на забраната за употреба на црева за наводнување на тревници и градини, миење на автомобили или полнење на базени.

Шефот на ирската Метеоролошка служба, Мет Еирен истакна дека во Ирска е регистриран најсувиот мај од 1850 година, а во некои делови е забележана најсувата пролет.

Дури и во главниот град на Ирска, Даблин забележано е за една третина помалку дожд.

Забраната уследи и поради фактот што голем број граѓани ќе останат во своите домови за време на епидемијата со Ковид-19 и ќе имаат повеќе време да ги наводнуваат градините.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден