Во Иран рекорден број на новозаразени со коронавирус во еден ден

Од:

Рекордни 37.189 нови случаи на коронавирус се пријавени во Иран. Министерството за здравство ги објави најновите податоци за бројот на заразени и починати од последиците предизвикани од Ковид-19.

Во последните 24 часа регистрирани се 37.189 случаи на инфекција, што е нов рекорд, додека вкупно 4.317 лица се хоспитализирани. Ова го зголеми бројот на заразени на 3.940.708. Вкупно 91.407 луѓе починаа, од кои 411 во последните 24 часа.

Во единиците за интензивна нега има 5.607 луѓе, и досега вкупно 3.404.533 заразени лица оздравеле.

Во Иран се дадени повеќе од 13,08 милиони дози вакцини. Повеќе од 10,28 милиони луѓе ја примиле првата доза, а повеќе од 2,79 милиони ја добиле и втората доза.

Би можело да ве интересира

Иран се соочува со петти бран коронавирус

Иран обезбеди 250.000 вакцини од Синофарм

Иранската вакцина е ефикасна 90 отсто, покажуваат првичните резултати

Иран почна вакцинација против Ковид-19