Во Иран ослободена активистка за човекови права

Од:

Иран ја ослободи од затвор Наргес Мохамади, истакната активистка за човекови права која водеше кампања против смртната казна.

Судски претставник Садех Нијараки изјави дека Наргес Мохамади била ослободен доцна синоќа откако отслужила осум и пол години затвор.

Таа беше осудена на 10 години затвор.

Нијараки рече дека Мохамади е ослободена врз основа на законот кој дозволува намалена затворска казна доколку соодветниот суд се согласи со тоа.

На Мохамади, кој е инженер и физичар, и беше доделена наградата Андреј Сахаров за 2018 година, со која се признава извонредно лидерство или достигнувања на научниците во поддршката на човековите права.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел